[Инфографик] Минатата година 350.000 луѓе проследиле 13.600 филмови и кинопретстави низ кината во Македонија

Минатата година во Македонија, според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС) ширум кината во Македонија биле прикажани вкупно 12.596 филмски кинопретстави. Од 12.596 кинопретстави, 535 биле домашни, 233 во копродукција, а 11.828 биле странски.

Исто така, во 18 кина ширум земјава биле прикажани 1.027 филмови, од кои 130 домашни, 749 странски и 148 во копродукција.

Вкупно 350.637 посетители присуствувале на проекција на филмови и кинопретстави минатата година.

Големата разлика на вкупните бројки на Карпош во споредба со другите општини се должи на киното „Синеплекс“ кое се наоѓа во „Сити мол“, но и на Кинотеката на Македонија.

Во прилог, погледнете ги податоците во вкупни бројки, поделени по општини преку инфографикот на Радио МОФ.

Мартин Колоски