Промоција на збирката илустрации „Метафора – поглед зад огледалата“ во понеделник

Во понеделник (10 октомври) со почеток во 20 часот ќе биде промовирана збирката илустрации и поетски минијатури „Метафора — поглед зад огледалата“, стои во најавата за настанот на Фејсбук.

Промоцијата ќе се одржи во кафе-книжарницата „Буква“. Автор на збирката илустрации е Марко Трпески.

Организаторите најавуваат дискусија, изложба и „поп-ап шоп“. „Метафора – поглед зад огледалата“ е објавена со поддршка на Министерството за култура.