Ски центар во Англија затворен поради премногу снег

Ски центар во Кент, Англија ги затвори своите патеки за јавноста поради „премногу снег“.

Иако за некои ова е одлична прилика за скијање, центарот сепак реши да не ризикува.

Ски центар „Чатам“ веста ја сподели на Фејсбук со фотографија на која е прикажан терен прекриен со огромна количина на снег, под која пишува:

„Центарот во моментов е затворен бидејќи имаме недостапни паркиралишта и ние мораме да имаме можност за итен пристап до возила, a персоналот се соочува со потешкотии да стигне до местото“.

Ова предизвика реакции и негативни коментари во јавноста, коментирајќи дека малку снег не би требало да ги спречи во работата.

Менаџерот на центарот се обиде да ги смири страстите: „Ние имаме суви ски патеки“ и „На нив не може да се скија добро со овој снег“.

Ова, додава тој, го направиле бидејќи во претходните години кога се случувала слична ситуација, имало неколкумина повредени поради лошите услови.