На крајот на оваа седмица, Радио МОФ ви го претставува нашиот избор на топ вестите за изминатата недела, од областа на образованието, културата, граѓанското општество, политиката, животната средина…
Што ги одбележа изминатите седум дена, прочитајте во продолжение:
1. [Став] Медиумите и лицата со атипичен развој
Владо Крстовски, програмски менаџер на Репубичкиот центар за поддршка на лица со попреченост „Порака“, во една неодамнешна емисија ми даде фина потсетување за нашата, медиумска улога. Дека успех на спортист со атипичен развој треба да биде ставен во спортска рубрика. Дека претстава на инклузивна театарска трупа треба да биде ставена во културна рубрика. Не треба да бидат ставени во социјала. Таму, во тој кош, некако по дифолт влегуваат лицата со атипичен развој. Исто така и во специјализирани емисии што се прават исклучиво за лицата со атипичен развој, кои ретко ги гледа некој освен самите тие лица и нивните семејства и пријатели.
Преку Фејсбук страницата на премиерот Димитар Ковачевски за реклами поврзани со „социјални прашања, избори или политика“ биле потрошени 23.899 евра во рок од 90 дена, односно во периодот од 21 ноември 2022 до 18 февруари годинава, покажуваат јавно достапните податоци на социјалната мрежа Фејсбук.
3. 10 игри што ќе излезат во март
Веќе објавивме дека гејмерската заедница ја очекува прилично плодна година, особено по пандемискиот период кога имаше благ застој во развојот на разни изданија, па некои игри беа пролонгирани токму за 2023. Годинава веќе донесе наслови како „Forspoken“, римејкот на „Dead Space“, долгоочекуваната „Hogwarts Legacy“, потоа „Wild Hearts“, „Atomic Heart“, „Sons of the Forest“… а сега Радио МОФ направи листа на 10 видеоигри кои своја премиера ќе имаат токму овој месец.
4. Дојави со бомби, вознемирена јавност – може ли да се открие анонимниот заканувач?
„Почитувани родители, во училиштето повторно има дојава за бомба. Децата се во дворот со наставниците. Ве замолуваме да дојдете по нив да ги земете“.
Вакви или слични пораки речиси станаа секојдневие за стотици родители чии деца одат во пониските одделенија во македонските училишта. Анонимните лажни дојави за бомби кои веќе пет месеци пристигаат на училишните мејл адреси го наруши образовниот процес. Учениците губат часови, родителите се вознемирени, а властите креваат раце во неможност да го лоцираат мистериозниот заканувач. Додека полицијата наутро ги проверува училниците од поставена експлозивна направа, никој со сигурност не може да каже уште колку време ќе трае оваа „вонредна ситуација“.
Дојави со бомби, вознемирена јавност – може ли да се открие анонимниот заканувач?
5. [Интервју] Никола Јовановиќ: Алтернативната сцена има што да (по)каже
Никола Јовановиќ е студент по графички дизајн. Јовановиќ е и млад фотограф што активно документира што се случува на алтернативната сцена, која изминативе години беше освежена преку нов бран музичари, бендови што обликуваа цела нова рокенрол генерација. Таквата нова културна стварност, Јовановиќ денеска од 20 часот ќе ја претстави преку изложба на фотографии „Мразам playback“ во КИЦ.
Во разговор со Радио МОФ, за себе вели дека станал фотограф „по грешка“. Најпрво, немал желба да се занимава со оваа дејност, сакал да стане актер, но тоа не му се остварило.
[Интервју] Никола Јовановиќ: Алтернативната сцена има што да (по)каже
6. Лажните вести активни на Балканот и во 15 век, покажуваат првите кирилични книги
Ширењето лажни вести стана актуелно во 2016 година како дел од политичката кампањата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп. Меѓутоа, најраните дезинформации во светот датираат од времето на Фараоните во Египет, а подоцна со појавата на хартијата и првите печатарски машини, ширењето пропаганди станува масовно во Европа и на Балканот. Првите кирилични книги содржат написи за антиосманлиско пропагирање што денес се препознаваат во поговорите на овие книги.
Лажните вести активни на Балканот и во 15 век, покажуваат првите кирилични книги
7. Студентите на ФБЕ плаќаат за испитна, иако не знаат дали факултетот ќе продолжи со работа
До студентите на Факултетот за бизнис економија (ФБЕ) пред неколку дена пристигнал мејл за уплаќање на зимска испитна сесија што треба да се одржува од 27 февруари до 31 март. Ова доаѓа во време кога од Министерството за образование и наука за Радио МОФ веќе информира дека е започната постапка за да се одземе правото на работа на овој Факултет, додека од Управата, пак, тврдат дека ФБЕ ги има исполнето основните услови за работа и е стартувана сесијата.
Студентите на ФБЕ плаќаат за испитна, иако не знаат дали факултетот ќе продолжи со работа
8. Компромис меѓу учениците од МИГ и директорката, објавен и нов оглас за вработување професор
По неколкудневниот бојкот на настава заради незадоволство од новите професори, учениците во трета година од Математичко-информатичката гимназија (МИГ) и директорката постигнаа компромис – објавен е нов оглас за вработување стручно лице.
Компромис меѓу учениците од МИГ и директорката, објавен и нов оглас за вработување професор
9. #РаскажиМи: „Откровение на светлината“ од Андреј Анѓеловиќ
Овојпат во рубриката #РаскажиМи го читаме краткиот расказ „Откровение на светлината“ од Андреј Анѓелковиќ.
10. #НизТвојотОбјектив – Избор фотографии од Томислав Георгиевски
Овој пат во нашата фото-рубрика објавуваме фотографии од Томислав Георгиевски. Тој со фринленс и новинарски фотографии активно се занимава од 1998 година.
#НизТвојотОбјектив – Избор фотографии од Томислав Георгиевски