[Видео] Јасно и гласно: Како медиумите известуваат за младите со атипичен развој

Колку медиумите имаат капацитет да отстапат место за младите со атипичен развој, со разни состојби и попречености? Доволно ли е медумите само со еден текст да го одбележат Светскиот ден на лицата со попреченост, за да ја исполнат должноста кон јавноста за оваа група граѓани? Треба ли медиумите да се фокусираат и на нивните способности и потенцијали, наместо само тажни и пасивни приказни? Дали со тоа што се покриваат лицата на атипичните деца, медиумите вршат дополнителна маргинализација?

Ова се дел од прашањата на дискусијата „Јасно и гласно“, со која Радио МОФ се приклучи на Деновите на медиумска писменост.

Како говорници ги имаме Зоран Андонов – новинар и претседател на Здружение за церебрална парализа-Тетово, Марина Тунева – медиумски експерт, вонреден професор на Институтит за комуникациски студии и бивш директор на Советот за етика во медиумите, како и Владо Крстовски – програмски менаџер на Репубичкиот центар за поддршка на лица со попреченост „Порака“.

Новинар: Бојан Шашевски