[Видео] Јасно и Гласно: Младите во Собранието – декор или носители на промени?

Во една перманентна атмосфера на партиски препукувања и несуштински дискусии, истражувањата на јавното мислење години наназад покажуваат дека младите, прво, немаат висока доверба во Собранието како институција, и второ – не се заинтересирани да ја следат работата на нивните избраници, а уште помалку да се вклучат во работата на законодавниот дом со свои предлози и иницијативи.

Кои се причините за оваа состојба? Што е она што ги одбива младите од „домот на демократијата“ и дали тие во Собранието се само декор или се трудат да направат доволно промени за да се смени овој лош имиџ.

На овие теми денеска дискутиравме со дел од најмладите пратеници во овој собраниски состав, Моника Зајкова, пратеничка од Либерално Демократската партија и Јован Јаулески, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Дискусијата погледнете ја на видеото во продолжение или на следниов ЛИНК.

Даниел Евросимоски