[Видео] Јасно и Гласно: Каде се младите во приоритетите на новата Влада?

Устите на политичарите и функционерите често се полни со ветувања за младите. Сепак, во пракса, многу малку од овие заложби вистински и целосно се реализираат.

Пред гласањето на новата Влада, во ресорите кои се важни за младите, повторно има промени и на чело на овие институции доаѓаат нови луѓе и нова неизвесност во која насока ќе се движат овие институции.

Во оваа епизода на „Јасно и Гласно“ дискутираме за тоа каде се и каде треба да бидат младите во приоритетите на следната извршна власт.

Наши гости се Марија Крстевска, претседателка на НМСМ, Блажен Малески – истражувач во „Реактор“ и Кристијан Фидановски – политиколог и докторанд на Универзитетот во Оксфорд.

Дискусијата погледнете ја на линкот во продолжение:

Даниел Евросимоски