#НизТвојотОбјектив – Избор фотографии од Томислав Георгиев

Овој четврток во нашата фото-рубрика објавуваме фотографии од Томислав Георгиев. Тој со фринленс и новинарски фотографии активно се занимава од 1998 година.

„Стално ја кажувам како анегдота, приказната како планирав да работам како фоторепортер само 3 месеци кога бев студент, со цел да имам доволен џепарлак за патување по Европа…тоа беше пред скоро 20 години“, вели Георгиев.

Во продолжение погледнете ги избор фотографиите од неговиот широк опус.

Радио МОФ започна со рубриката #НизТвојотОбјектив со цел да отвори можност за изразување, промовирање и поврзување на фотографи. Секој четврток објавуваме фотографија или фотографии од еден автор.

Сите заинтересирани за објавување, своите фотографии може да ни ги пратат на info@radiomof.mk, заедно со кратка биографија и кусо објаснување за контекстот на фотографијата. Фотографиите треба да опфаќаат различни општествени теми како екологија, дискриминација, цензура, млади, маргинализација, корупција, незадоволство и секојдневното живеење.