#НизТвојотОбјектив – „Таа некогаш беше најубавата“ од Гордана Каракашевска

Овој пат во рубриката #НизТвојотОбјектив ја претставуваме фотографијата „Таа некогаш беше најубавата“ од Гордана Каракашевска.

Авторката е поетеса и прозен писател, преведувачка, сликарка и илустраторка. Таа вели дека фотографијата е нејзина голема пасија и хоби.

„Точно се сеќавам како се чувствував кога ја направив оваа фотографија. Оваа стара и напуштена куќа се наоѓа во Скопско Дебар маало. Некогаш на многу генерации била дом. Денес е напуштена и оставена на милост и немилост на времето. Истовремено се чувствував инспирирано и исполнето, а од друга страна чувствував голема тага. За мене, фотографијата е безвременска приказна. Во фотографијата го заробува е времето. Благодарна сум колку е инспиративен и збогатен мојот живот благодарение на уметноста на фотографијата. Фотогалеријата е мој личен јазик“, забележува Каракашевска за своето дело.

Радио МОФ започна со рубриката #НизТвојотОбјектив со цел да отвори можност за изразување, промовирање и поврзување на фотографи. Секој четврток објавуваме фотографија или фотографии од еден автор.

Сите заинтересирани за објавување, своите фотографии може да ни ги пратат на info@radiomof.mk, заедно со кратка биографија и кусо објаснување за контекстот на фотографијата. Фотографиите треба да опфаќаат различни општествени теми како екологија, дискриминација, цензура, млади, маргинализација, корупција, незадоволство и секојдневното живеење.