#НизТвојотОбјектив – „Немир“ од Катерина Николовска

Рубриката #НизТвојотОбјектив ја отвораме со фотографијата насловена „Немир“ од Катерина Николовска.

Катерина Николовска има 19 години, студира на факултетот за визуелни уметности „Еуропа прима“ на катедрата за филмска и ТВ режија и има завршено курс за фотографија во школата за дизајн и уметност „Џолев и уметностите“. Таа е голем љубител на фотографијата, а досега има изложувано фотографии на две групни изложби.

„Фотографијата за мене одлично го изразува немирот на еден навивач кој е во неизвесност и исчекување за време на целиот натпревар“, вели Николовска.

Радио МОФ започна со рубриката #НизТвојотОбјектив со цел да отвори можност за изразување, промовирање и поврзување на фотографи. Секој четврток објавуваме фотографија или фотографии од еден автор.

Сите заинтересирани за објавување, своите фотографии може да ни ги пратат на info@radiomof.mk, заедно со кратка биографија и кусо објаснување за контекстот на фотографијата. Фотографиите треба да опфаќаат различни општествени теми како екологија, дискриминација, цензура, млади, маргинализација, корупција, незадоволство и секојдневното живеење.