#НизТвојотОбјектив – „Очи во очи со политичката опресија во комунизмот“ од Панде Ефтимов

Овој пат во рубриката #НизТвојотОбјектив претставуваме фотографија од куќата на Мусине Кокалари – првата жена писател од Албанија. Автор на фотографијата е Панде Ефтимов.

„Упорност, редовност и истрајност се клучните вредности на првата жена писател од Албанија. Мусине Кокалари е името кое одѕвонува низ улици, планини и водни хоризонти. Таа е симбол на борба против дискриминацијата. Симбол за активизам и феминистичко дејствување.  Оваа фотографија има цел да ја долови атмосферата во куќата на Кокалари. Очи во очи со политичката опресија и борбата против цензура во комунистичкиот режим“, вели Ефтимов.

Радио МОФ започна со рубриката #НизТвојотОбјектив со цел да отвори можност за изразување, промовирање и поврзување на фотографи. Секој четврток објавуваме фотографија или фотографии од еден автор.

Сите заинтересирани за објавување, своите фотографии може да ни ги пратат на info@radiomof.mk, заедно со кратка биографија и кусо објаснување за контекстот на фотографијата. Фотографиите треба да опфаќаат различни општествени теми како екологија, дискриминација, цензура, млади, маргинализација, корупција, незадоволство и секојдневното живеење.