#НизТвојотОбјектив – Радио МОФ отвора нова рубрика за фотографии

Радио МОФ започнува со рубриката #НизТвојотОбјектив во чии рамки секоја недела ќе сe објавуваат авторски фотографии.

Охрабруваме фотографиите да бидат критички, поетични, да „боцкаат“ и разгоруваат разговор за случувањата околу нас. Тие треба да опфаќаат различни општествени теми како екологија, дискриминација, цензура, млади, маргинализација, корупција, незадоволство и секојдневното живеење.

Рубриката е отворена за сите заинтересирани фотографи, инстаграмџии, приврзаници на фотографијата и оние што сакаат да споделат доловен момент. Целта е да се отвори можност за изразување, промовирање и поврзување на фотографи.

Секој четврток објавуваме фотографија или фотографии од еден автор, а заинтересираните треба да испратат и кратка биографија и кусо објаснување за контекстот на фотографијата.

Фотографиите треба да ги праќате на info@radiomof.mk.