#НизТвојотОбјектив – Циклус фотографии од Елена Димчевска

Денес во рубриката #НизТвојотОбјектив ви претставуваме циклус фотографии од Елена Димчевска.

„Сакам со моите фотографии да ги отсликам моментите на динамичност во секојдневниот ден на човекот и на природата, но исто така уживам и во по спокојните сцени. Кога се обидувам да составам композиција, секогаш се обидувам некако да го искористам до максимум природното светло и спектарот на боите кои што ми го овозможуваат светлосните зраци“, вели авторката.

„Не се сметам себе си за професионален фотограф, но активно фотографирам како мое хоби. Јас се занимавам со графика, рачна и дигитална, и истото го учев во средно училиште и сега продолжив да го студирам на факултет“, вели Дамчевска.

Повеќе фотографии од авторката може да се видат на Инстаграм профилот @elillumi.

Радио МОФ започна со рубриката #НизТвојотОбјектив со цел да отвори можност за изразување, промовирање и поврзување на фотографи. Секој четврток објавуваме фотографија или фотографии од еден автор.

Сите заинтересирани за објавување, своите фотографии може да ни ги пратат на info@radiomof.mk, заедно со кратка биографија и кусо објаснување за контекстот на фотографијата. Фотографиите треба да опфаќаат различни општествени теми како екологија, дискриминација, цензура, млади, маргинализација, корупција, незадоволство и секојдневното живеење.