#НизТвојотОбјектив – „42.027126, 20.942937“ од Зана Ахмеди

Овој пат во рубриката #НизТвојотОбјектив ја претставуваме фотографијата „42.027126, 20.942937“ чија авторка е Зана Ахмеди.

„Фотографијата ја користам како алатка за проучување на интеракцијата меѓу човечкиот дизајн и природата. На оваа фотографија е претставена реката ‘Пена’, местото каде пливав додека растев. Тука се роди мојата фасцинација од карпите“, забележува Ахмеди.

Зана Ахмеди има 22 години и потекнува од Тетово. Во моментов живее во Осло, Норвешка каде студира Архитектура на пејзаж на Факултетот за архитектура и дизајн. За себе раскажува дека има патувано низ Европа и Централна Америка каде во период од две години искусила независно живеење неврзано за едно место. Паралелено со фотографијата, сликарството е друг медиум во кој ги истражува своите способности.

„42.027126, 20.942937“

Радио МОФ започна со рубриката #НизТвојотОбјектив со цел да отвори можност за изразување, промовирање и поврзување на фотографи. Секој четврток објавуваме фотографија или фотографии од еден автор.

Сите заинтересирани за објавување, своите фотографии може да ни ги пратат на info@radiomof.mk, заедно со кратка биографија и кусо објаснување за контекстот на фотографијата. Фотографиите треба да опфаќаат различни општествени теми како екологија, дискриминација, цензура, млади, маргинализација, корупција, незадоволство и секојдневното живеење.