#НизТвојотОбјектив – „Slavic Syndrome“ од Никола Јовановиќ

Денес во рубриката #НизТвојотОбјектив ја претставуваме фотографијата „Slavic Syndrome“ од Никола Јовановиќ.

„На фотографијата што ви ја испраќам во прилог се прикажани две жени како разговараат. Тоа е приказ на денешното живеење“, вели Јовановиќ во описот за фотографијата.

„Slavic Syndrome“

Радио МОФ започна со рубриката #НизТвојотОбјектив со цел да отвори можност за изразување, промовирање и поврзување на фотографи. Секој четврток објавуваме фотографија или фотографии од еден автор.

Сите заинтересирани за објавување, своите фотографии може да ни ги пратат на info@radiomof.mk, заедно со кратка биографија и кусо објаснување за контекстот на фотографијата. Фотографиите треба да опфаќаат различни општествени теми како екологија, дискриминација, цензура, млади, маргинализација, корупција, незадоволство и секојдневното живеење.