#НизТвојотОбјектив – „Чкртки“ од Леона Јариќ

Рубриката #НизТвојотОбјектив во новата година ја отвораме со фотографијата „Чкртки“ од Леона Јариќ.

„Лето е, дете си, си нашол дупка со шарени чкртаници. Сакаш да трчаш внатре, надвор, и да викаш за тоа што има ехо. Тек подоцна можеби ќе ја склопиш вистинската функција на чкртките, цртежите и големата бетонска дупка“, вели авторката во описот за фотографијата.

 

Леона Јариќ за себе вели дека вообичаено се занимава со снимање филмови, а во моментов студира на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.

Радио МОФ започна со рубриката #НизТвојотОбјектив со цел да отвори можност за изразување, промовирање и поврзување на фотографи. Секој четврток објавуваме фотографија или фотографии од еден автор.

Сите заинтересирани за објавување, своите фотографии може да ни ги пратат на info@radiomof.mk, заедно со кратка биографија и кусо објаснување за контекстот на фотографијата. Фотографиите треба да опфаќаат различни општествени теми како екологија, дискриминација, цензура, млади, маргинализација, корупција, незадоволство и секојдневното живеење.