#НизТвојотОбјектив – Една Сказна од Елена Василевска

Денес во рубриката #НизТвојотОбјектив се дружиме со Елена Василевска и нејзината Една Сказна снимена со филм.

„Една Сказна е фото проект инспириран од истоимените миксови на Ненад Стефаноски и убавината на овековечување моменти на филм“, вели таа за Радио МОФ.

Серијата фотографии на Елена, како што вели таа, се сликани во текот на 2022 година, во Милано, Скопје, и Охрид, на филм Kodak Gold 200 и Ferrania Solaris 200 со изминат рок.

Радио МОФ започна со рубриката #НизТвојотОбјектив со цел да отвори можност за изразување, промовирање и поврзување на фотографи. Секој четврток објавуваме фотографија или фотографии од еден автор.

Сите заинтересирани за објавување, своите фотографии може да ни ги пратат на info@radiomof.mk, заедно со кратка биографија и кусо објаснување за контекстот на фотографијата. Фотографиите треба да опфаќаат различни општествени теми како екологија, дискриминација, цензура, млади, маргинализација, корупција, незадоволство и секојдневното живеење.