#НизТвојотОбјектив – „Мали моменти“ од Дафина Веселиноска

Годината ја завршуваме со циклус фотографии извадени директно од филмска лента. Во последната објава од рубриката #НизТвојотОбјектив за оваа година ви го претставуваме го концептот „Мали моменти“ од Дафина Веселиноска.

„Фотографиите се сликани со филм, со апарат стар 30 години. Поголемиот дел од нив се сликани со филм со поминат рок, од 90-тите. Сакам да сликам на овој начин бидејќи така една слика, еден момент се овековечува засекогаш на филм и притоа, се добива уникатен, непредвидлив ефект. Многу ги фотографирам мачките, како кралици на непредвидливоста. Моментите од секојдневјето најмногу ме интересираат, зашто тоа е она што на крајот останува. Мали моменти“, вели Веселиноска.

Радио МОФ започна со рубриката #НизТвојотОбјектив со цел да отвори можност за изразување, промовирање и поврзување на фотографи. Секој четврток објавуваме фотографија или фотографии од еден автор.

Сите заинтересирани за објавување, своите фотографии може да ни ги пратат на info@radiomof.mk, заедно со кратка биографија и кусо објаснување за контекстот на фотографијата. Фотографиите треба да опфаќаат различни општествени теми како екологија, дискриминација, цензура, млади, маргинализација, корупција, незадоволство и секојдневното живеење.