#НизТвојотОбјектив – „Човек во простор“ од Јани Патче

Овој пат во рубриката #НизТвојотОбјектив ви претставуваме избор фотографии од младиот фотограф Јани Патче.

Циклусот „Човек во простор“, како што вели тој, е резултат на улично фотографирање во Австрија и Словенија.

Радио МОФ започна со рубриката #НизТвојотОбјектив со цел да отвори можност за изразување, промовирање и поврзување на фотографи. Секој четврток објавуваме фотографија или фотографии од еден автор.

Сите заинтересирани за објавување, своите фотографии може да ни ги пратат на info@radiomof.mk, заедно со кратка биографија и кусо објаснување за контекстот на фотографијата. Фотографиите треба да опфаќаат различни општествени теми како екологија, дискриминација, цензура, млади, маргинализација, корупција, незадоволство и секојдневното живеење.