#СедмаСила

Радио МОФ во следниот период под хаштагот #СедмаСила, ќе објавува текстови, истражувања и подкасти за слободата на медиумите. На оваа страница ги пренесуваме сите објави на оваа тема, со посебен фокус на состојбите во македонското новинарство и слободата која (не)ја имаат новинарите.

Над 80% од жалбите до СЕММ се против дезинформации и сензационализам на социјалните медиуми

Довербата на јавноста во медиумите е честопати изневерувана од поединци и медиумски платформи кои работат неодговорно и на штета на јавниот интерес, доведувајќи го со тоа во прашање интегритетот на професијата, се вели во заедничкото здружение на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ).

Во светот се развива дрон-новинарство, во Македонија сè уште се зборува за основни услови за работа

„Новинарството не умира, туку го убиваат“, „Традиционалното новинарство изумира“, „Зошто издавачката индустрија мора да се прилагоди за да преживее“, „Ерата на дигиталното новинарство само што започна“, „Вистинското новинарство полека и тивко умира“. Ова се најчестите наслови кои се појавуваат при пребарување на зборовите „иднината на новинарството“, посочи новинарот Столе Наумов од „Канал 77“.

Реформа на МРТ со повеќе пари и со помалку партиско влијание

Нема вистински реформи во медиумската сфера без сериозна реформа на Македонската радиотелевизија. Департизацијата на управните органи и обезбедување на одржлив систем на финанисрање на јавниот сервис се клучни за зајакнување на нејзината независност и професионалност. Ова се дел од заклучоците од дебатата на тема „Предизвици за реформи во Македонската радиотелевизија“ што во Скопје ја организираше Здружението на новинарите на Македонија во соработка со Институтот за општествени и хуманистички науки.

СЕММ апелира медиумите да не шират невистини, насилство и поделеност меѓу луѓето

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) со загриженост реагира на, како што велат, зачестените случаи на ширење шпекулации, еднострано известување и невистини преку некои медиуми, особено во контекст на сегашната политичка ситуација и по потпишувањето на договорот за името со Република Грција.

Демократски медиуми, транспарентност и пристап до информации – оружја против лажни вести

И покрај тоа што Велес во еден временски период стана синоним за ширење на лажни вести, токму денеска од овој град се испраќаат пораки дека Македонија тргнува во борбата против лажните вести, рече денеска министерот без ресор, задолжен за комуникации, транспарентност и отчетност, Роберт Поповски.

Во медиумите недостасуваат содржини и програми од млади за млади

Во време на отсуство на печатени гласила и огромен број портали, кога традиционалните медиуми стануваат нерелевантни за младите, потребно е да се пополни „дупката“ од образовни, културни и забавни програми. Истовремено, медиумите да бидат во тек со потребите на поновите генерации и да нудат содржини креирани од млади за млади.

Дискусија: Реформите во медиумската сфера мора да продолжат сеопфатно

Некои одредби од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги не донесуваат квалитет, а во некои случаи и ги враќаат работите назад, додека значителен број работи се испуштени од овој закон што се битни за медиумските реформи, беше нагласено на вчерашната експертска дискусија за нацрт-документот за идните интервенции во медиумското законодавство, подготвен од Центарот за развој на медиумите.

ЗНМ: Опозицијата преку фиктивна расправа го блокира донесувањето на Законот за медиуми

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, преку фиктивна амандманска расправа во собраниската комисија за транспорт и врски, го блокира донесувањето на измените и дополнувањата на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, сметаат од Здружението на новинари на Македонија.

ЗНМ: Власта да ги разреши партиските војници на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на МРТ

„Предложениот закон доби широка поддршка од новинарската заедница и помина меѓународна експертиза од ОБСЕ и Советот на Европа. Тој е клучен за почнување на медиумските реформи во Македонија, кои треба да го подобрат квалитетот на новинарството. Овој закон го укинува коруптивниот систем за субвенционирање на домашна продукција во националните приватни телевизии, нуди нов модел за избор на управните органи на МРТ и Агенцијата за медиуми, кој е поотпорен на политички влијанија, а со него драстично се намалуваат и казните за медиумите“, соопштува Здружението.

ЗНМ бара судовите да применуваат, а не да толкуваат закони

Претседателот на Здружението на новинарите на Македонија, Насер Селмани, вчера се сретна со претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски. На средбата било разговарано за изедначување на судската пракса од Врховниот суд за тужбите за клевета и навреда против онлајн медиумите.

Отворен ден на СЕММ: Саморегулација во медиумите низ соработка и партнерство

За извршната директорка на СЕММ, Марина Тунева, важно е да се зборува за етиката во професијата, но и за правата на новинарите за слободно изразување и безбедна работа. Според неа, ако гласот на медиумите е замолкнат тогаш сите се лишени од правото да ги чујат.

За пет години се поднесени 59 кривични пријави за напади врз новинари

Како што соопшти министерот Спасовски, во периодот од 2013 година до јуни 2017 година, до МВР се поднесени вкупно 47 пријави од граѓани или медиуми, поврзани со физички напад на новинари, загрозување на сигурноста во вид на закани или говор на омраза.

Плагијаторството и лажните вести – закана за професионалното новинарство

„Јас кога започнав да пишувам колумни, веднаш други медиуми преземаа, без ниту да ми соопштат. Тогаш се распрашував околу заштитата на моите авторски права и излезе дека тој прв што ја објавил мојата колумна ги има авторските права и дека медиумот што презема од него се договараат меѓу нив, односно јас немам никакво право врз мојот текст. Значи, медиумот може да издаде книга со моите колумни, а јас да не добијам никаков хонорар“, рече Георгиевски за време на панелот посветен плагијаторството и лажните вести, во организација на Фондацијата Метаморфозис.

Новинарите од регионот здружени во кампања за подобри работни услови

Европската федерација на новинари отпочна кампања за подигање на свеста за лошите услови за работа на новинарите и медиумските работници во Западен Балкан и Турција.

ЗНМ: Скопските судови да не лиценцираат новинари и медиуми

Здружението на новинари на Македонија изразува незадоволство од начинот како Граѓанскиот суд во Скопје и Апелациониот суд во Скопје, го применуваат Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета. И покрај јасната одредба во законот, кој ја регулира одговорноста на електронските публикации, од ЗНМ велат дека овие судови продолжуваат да ги одбиваат тужбите за клевета и навреда против онлајн медиумите со крајно несериозно и тенденциозно објаснување дека тие не биле медиуми, а луѓето што работат таму не биле новинари.

Медиумите бараат нулта толеранција кон нападите на новинарите

„Денес е добра прилика да ги потсетиме граѓаните за ограничувањата на слободата на печатот. Треба да знаат дека новинарите се казнуваат и се напаѓаат за да бидат замолчени, а вистината да биде сокриена од јавноста. Треба одлучно да застанеме во одбрана на независните медиуми ако сакаме да се заштитиме од секој вид на пропаганда“, истакна претседателот на ЗНМ, Насер Селмани.

ССНМ повикува за протест: Новинарството не смее да биде слабо платена и несигурна работа

По повод Меѓународниот ден на трудот, во знак на почит на загинатите во Чикаго во 1886 година во штрајкот за осумчасовното работно време, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) ги повикува новинарите на Првомајски протест, со кој бара под итно да запре игнорирањето на проблемот на работните услови на новинарите и медиумските работници.

Репортери без граници: Македонија на 109-то место според слободата на медиумите

Според Индексот за слобода на медиумите за 2018 година, Македонија се наоѓа на 109 место, односно бележи скок од две позиции од минатата година, кога била на 111 место.

Фридом Хаус: Прв пат од 2010 година Македонија со демократско подобрување

Македонската демократија и начин на владеење забележува мало подобрување, прв пат од 2010 година, оценува Фридом Хаус во извештајот Нации во транзиција, кој ги оценува демократските реформи во 29 поранешни комунистички држави од централна Европа и Азија.

На скалата од 1 до 7, од нависоко до најниско ниво на демократија, Македонија има скор од 4,36, што се уште ја става во категоријата на транзициска власт или хибриден режим. Овој скор е мало подобрување во споредба со ланскиот, историски најлош резултат за земјава од 4,43 и претставува прва промена во позитивна насока од 2010 година кога резултатот бил 3,79 и седум последователни години само опаѓал.