Новинарите од регионот здружени во кампања за подобри работни услови

Европската федерација на новинари отпочна кампања за подигање на свеста за лошите услови за работа на новинарите и медиумските работници во Западен Балкан и Турција.

Заедно со поддршката на нејзините филијали во регионот, ЕФЈ го фокусира вниманието на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора, Србија и Турција, каде да се работи како новинар, често значи несигурност во работата, ниски плати и напади.

Оваа кампања има за цел да поттикне подобри работни услови со цел да ја поддржи продукцијата на квалитетно новинарство за правото на јавноста за пристап до информации.

Во продолжение, слушнете што имаат да кажат новинарите од регионот, вклучувајќи и од Македонија.

#TrustInMediaSEE.