Премиера на документарецот „Локални херои – светски таленти“ во Кинотека

Во Кинотеката на Македнија вечерва од 19 часот премиерно ќе биде прикажан документарниот филм „Локални херои – светски таленти“ за луѓе од најстарото ромско маало – Топаана.

Документарецот е приказна за Роми кои се трудат да ги елиминираат стереотипите кон ромската заедница и испраќа порака дека се обични луѓе но успешни во уметноста, културата, филмот, политиката и во својата активност да го издигнат ромскиот идентитет на повисоко рамниште.

Тие ликови се: Бајрам Северџан – Д-р Кољо, Васка Јанковска, Есма Реџепова Теодосиевска, Мухарем Сербезовски, Рахим Бурхан, Абди Фаик и Зоран Димов, како и голем број соговорници – Емир Кустурица, Горан Бреговиќ, Столе Попов, Данчо Чеврески…