Фестивалот „Статуафест“ со темата „Прекинати врски“ почнува од денеска, 16 мај и ќе трае до 18 мај (сабота), а ќе се случува од 18:30 часот на улица „Македонија“.
Долж „Македонија“ ќе се постават десет различни приказни во кои улични живи статуи ќе одиграат актови кои симболизираат прекинати врски.
„Убавината е толку силна што не можеш да ја искажеш со зборови. И токму заради тоа срцето те боли. Некои врски прекинуваат, ете така, сами од себе, молчешкум. Едноставно и просто – заминуваат. Всушност ние, луѓето ги прекинуваме, верувајќи во подобро за нас, кое, потоа и го бараме. И го наоѓаме. И тоа, подоброто го прекинуваме – за уште подобро од него. За најдоборото. И најдоброто го наоѓаме.
По време минато крај најдоброто и во него се сомневаме, верувајќи дека и од него постои нешто уште подобро, нешто совршено. И тоа совршеното го наоѓаме. И него го прекинуваме. И така, низ животот ги прекинуваме врските и постојано се впуштаме во потрага по нови, подобри и од самото совршенство, а всушност се’ во што посотојано се наоѓаме е прекин кој има за цел, потрага.
Еден ден со сигурност ќе ја најдеме нашата совршена чистина, мир и спокој, кој знае каде и кој знае кога, а дотогаш ќе останеме во врска со себе, тагувајќи, радувајќи се, сожалувајќи се…“, стои во соопштението на „Театроск“, организаторите на фестивалот.
Дизајн на плакатот на фестивалот е на Златко Митрески.
Во продолжение, видете каква беше атмосферата на ланскиот фестивал:
[Галерија] „Голема брзина на стоењето“ на овогодишниот „Статуафест“