„Проблемот на Тина” ја освои наградата за најдобар краток филм на Фестивал во Турција

Краткиот игран филм „Проблемот на Тина” во режија на Радован Петровиќ во продукција на Партизанс и Кино Око ја освои наградата „Yellow Umbrella“ за најдобар краток филм во интернационалната селекција на „Balkan Panorama Film Festival“  што се одржува во Измир, Турција.

Филмот победи во конкуренција на десет избрани филмови во интернационалната конкуренција од 350 пријавени филмови од поширокиот регион на Балканот.

Сценариото е на Румена Бужаровска, напишано според нејзиниот истоимен расказ. Главните улоги ги толкуваат Душица Настова, Жаклина Стефковска-Дрнасин, Јордан Симонов, Тамара Ристоска, Емилија Мицковска-Трајковиќ. Директор на фотографија е Андреј Лембанов, сценограф Илина Ангеловска, костимограф Жаклина Крстевска, шминка Ирена Сенокозлиоска, монтажери Радован Петровиќ и Вардан Тозија, а дизајн на звук Ристо Алчинов. Продуцент на филмот е Роберт Насков.

Филмот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Република Северна Македнија.