Конкурс за кратки филмови кои ќе се прикажуваат на „Синедејс“

Филмскиот фестивал „Синедејс“ распишува конкурс за пријавување на кратки филмови, кои ќе бидат прикажани во рамки на MK Shorts програмата на 20. издание кое ќе се одржува од 5 до 21 јули.

Во конкурсот се наведува дека пријавените филмови треба да ги исполнуваат следните услови:

  1. Да се со времетраење до 20 минути
  2. Година на продукција 2019/2020 година
  3. Да се во формат анимиран или игран филм

Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени на 7 јуни на веб-страницата на фестивалот и неговите социјални мрежи.

За учество на конкурсот потребно е да се пополни пријавата достапна на следниот ЛИНК.