Предлогот на ЕК за заштита на приватноста може да ги загрози приходите на социјалните мрежи

Европската комисија (ЕК) за заштита на приватноста синоќа претстави предлог, кој, доколку биде усвоен, би можел да донесе построги правила за сервисите за допишување како Ватсап, иМесиџ и Џимејл.

Односно, сервисите ќе мора да гарантираат доверливост на разговорите на корисниците и да бараат нивна дозвола за следење на активностите, со цел да им прикажуваат прилагодени реклами.

Ова предивикало стравување дека може да се загрозат приходите на социјалните мрежи, со оглед дека повеќето бесплатни онлајн сервиси се потпираат на маркетинг за да се финансираат. Предлогот на Европската комисија предвидува одредени правила кои моментно се однесуваат само на телеком операторите. Меѓутоа, се прошируваат на интернет компаниите кои нудат услуги за повици и испраќање и добивање на пораки преку интернет, со цел да се затвори јазот во законските прописи меѓу телеком индустријата и повеќето американски интернет гиганти, како што се Фејсбук, Гугл и Мајкрософт.