Повик за средношколци: Дизајнирај ги официјалните маички за „Конект фестивал“

Средношколскиот фестивал „Конект“ организира повик на кој секој средношколец ќе може да испрати свој дизајн за маица која ќе биде официјален бренд на фестивалот.

Повикот го организираат во соработка со OX Streetwear и Машински Факултет Скопје.

Правила за дизајнот:

1. Да ги содржи логоата на Конект и OX Streetwear 
2. Дизајнот да биде на тема „Конекција“
3. Дизајнот да се испрати на konektkontest@gmail.com
со ваше име/презиме и од кое училиште доаѓате најдоцна до 10 март.

На 13 март ќе бидат објавени топ 10 дизајнери кои ќе учествуваат на работилница која ќе се одвива од 15 до 17 март.

Најдобрите 2 дизајни на крај од работилницата ќе бидат официјални дизајни на маици на „Конект фестивал“ 2019.

„Разбуди го својот стил, не биди дремка, преведи конекција на свој визуелен начин“, стои во повикот.

На следниот ЛИНК се логоата на „Конект“ и OX.