Отворен ден на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола утре (25 април) организира отворен ден за идните студенти. Настанот ќе започне во 12 часот на платото пред Офицерскиот дом.

„Откриј како да стартуваш со запишување, а како да го добиеш и првото вработување. УКЛО по примерот на големите светски универзитети, на ист ден и на исто место ја започнува кампањата ‘From enrollment to employment – зошто сме тука со тебе на нашиот УКЛО отворен ден’. За таа цел, на отворениот ден поканети се бројни брзорастечки компании. Тие можат да бидат твоето прво место за пракса или твојата прва адреса за вработување. Ќе ги сретнеш твоите идни професори, твоите идни колеги….а тука ќе бидат присутни и организации кои работаат на промовирање на стартап сцената која станува многу атрактивна за младите иноватори, но и личности кои работаат на проекти за вработување на младите“, се посочува во најавата за настанот.

Дополнително, на настанот ќе има и музичка програма од 12 до 19 часот, инспиративни разговори на успешни лидери во комапнии, како и дополнителни настани за вмрежување.