Најсилната сончева бура во последните 20 години предизвика појава на Аурора бореалис низ светот

Најсилната сончева бура во повеќе од две децении ја погоди Земјата вчера, предизвикувајќи неверојатна глетка на поларна светлина на небото ширум светот, позната како Аурора бореалис.

Според Центарот за вселенско предвидување на времето на Американската Национална океанска и атмосферска администрација (НОАА), првото од неколкуте коронални масивни исфрлања на светлина се случило кратко по 18 часот.

Подоцна беше надополнета со „екстремна“ гегомагнетна бура. Ова e првата ваква бура по таа на Ноќта на вештерките во 2023 година, што предизвика затемнување во Шведска и ја оштети електроенергетската инфраструктура во Јужна Африка.

Зелените и сини светла – што се очекува да продолжат и наредните денови беа видливи од Британија до Тасманија, при што официјалните лица од САД соопштија дека можела да се забележи на југ до Алабама и Северна Калифорнија.

Во меѓувреме, луѓе од цела Германија објавуваа фотографии од Аурора на социјалните мрежи. Научниците велат дека најдобрите глетки од Аурора можеби се преку камерите на мобилните телефони бидејќи ја фотографираат подобро отколку што таа е видлива со голо око.

Флуктурирачките магнетни полиња поврзани со гегомагнетните бури предизвикуваат струи во долгите жиците, вклучувајќи ги и далноводите. Овие струи потенцијално може да предизвикаат прекини на електрична енергија. Долгите цевководи, исто така, може да се наелектризираат и со тоа да предизвикаат технички проблеми.

Покрај тоа, на ризик од големи дози радијација се изложени и вселенските летала. Но, НАСА соопшти дека бурата не претставува сериозна закана за седумте астронаути кои се наоѓаат на Меѓународната вселенска станица. Исто така, луѓето на Земјата се безбедни бидејќи атмосферата го спречува зрачењето.