Повик за учество на работилници по креативно пишување за студенти на УКЛО

Здружението за граѓански активизам „Форум 16“ од Битола и Универзитетското студентско собрание од „УКЛО“ отвораат повик за учесници на работилници за креативно пишување. Работилниците ќе се одржат на 11 и 12 мај преку платформата „Google Meet“.

Работилниците ќе ги менторира Ана Голејшка, поетеса, изведувачка и активистка

„Работилниците се наменети само за студенти на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола и се организираат во рамки на проектот „Поезија во движење низ Битола“ чија цел е преку поезијата како алатка да се промовира користењето на јавен превоз и да се влијае во подобрување на животната средина во Битола“, истакнуваат организаторите.

Рокот за пријавување е до 10 мај, а сите заинтересирани може да се пријават тука.

Учесниците ќе имаат шанса нивната поема да биде селектирана за промоција во автобуски превозник, но ќе добијат и сертификати за потврда на нивниот ангажман.