Отворање на изложбата „Посветло отколку без светлина“ од Стефан Шишков

„Посветло отколку без светлина“ е новата самостојна изложба на уметникот Стефан Шишков што ќе биде отворена во среда (5 април) со почеток во 19 часот во „Аудиокултура“ во Скопје.

„Делата од циклусот ‘Посветло отколку без светлина’ од Шашков се инспирирани од музиката на Харолд Бад, Џон Хасел, Роберт Фрип, Брајан Ино, Даниел Ленуа, Мајкл Брук и Роџер Ино. На денот на изложбата, во Аудиокултура ќе се слуша музиката од овие автори, а звучната репродукција ќе биде реализирана преку High End системите од Teoharov audio“, се вели во најавата.

Покрај тоа, паралелно ќе има и потпишување на книгата од овој опус.

Претходно, информираат од „Аудиокултура“, оваа изложба во ноември 2022 година беше поставена во MC Gallery во Њујорк, а во февруари 2023 година во Македонската филхармонија.