Од архивата на ЦИА – достапни се документи за средби со НЛО

ЦИА објави стотици документи за неидентификувани летачки објекти кои се достапни бесплатно.

Оттаму велат дека ова се сите документи кои постојат на темата, а извештаите документираат НЛО средби сѐ до 1980 година.

„ПДФ“ документите од неидентификувани воздушни феномени, како што ЦИА ги нарекува НЛ објектите, беа објавени на „Црниот сеф“, платформа која себеси се опишува како најголемата архива за декласифицирани документи во светот.

Креаторот на платформата, Џон Гринвалд истакнал дека ги собрал документите откако потрошил многу години праќајќи барања за информации од јавен карактер.

ЦИА ги прикачила ваквите извештаи на CD-ром, кој  биле прикачени на ЦД-ром кој  Гринвалд го добил минатата година. Оттогаш, тој ги објавил сите собрани материјали.

„Пред 20 години, водев долгогодишна борба за дополнителни информации околу НЛО средби од ЦИА. Процесот беше долг и измачувачки. Потребен беше многу труд, но конечно успеав. Добив огромна кутија, неколку илјадници документи кои требаше да ги скенирам еден по еден“, изјавил Гринвалд.

Објавувањето на документите се случи само неколку недели откако според новите ковид-19 мерки, Пентагон доби рок од шест месеци за да ги објави сите информации за неидентификувани летечки објекти.

Во јули минатата година, американскиот оддел за одбрана изјави дека ќе објавува нови откритија за НЛО средби на секои шест месеци, откако претходно во април беа објавени три средби со неидентификувани летала во 2007 и 2017 година.

Иако од ЦИА велат дека предадените документи се споделени во целост, Гринвалд е скептичен, додавајќи дека тој факт нема како да се провери.

„Неверојатно е тешко да се користат записите на ЦИА. Нивниот формат е многу застарен и нудат главно неупотребливи текстуални датотеки, а нивната намера е луѓето да ги користат како алатки за пребарување. Ваквиот застарен формат им отежнува на заинтересираните да ги видат документите и да ги користат за било каква истражувачка цел“, нагласил Гринвалд.

Извор: DazedDigital