Недела на франкофонски филм во Кинотека

Со проекција на романскиот филм „Радио Метроном“ во четврток (23 март) во 20 часот во Кинотеката на Северна Македонија ќе биде отворена Неделата на франкофонски филм.

Филмот е во режија на Александру Белк, а главните улоги ги толкуваат Мара Бугарин и Себан Лазаровици.

На програмата ќе бидат и следниве филмови:

– петок, 24.03, швајцарскиот филм „Последниот танц“ на Делфин Лерисе (2022, 1h24), со Франсоа Берлеан и Касеј Моте Клајн.

– сабота, 25.03, белгискиот филм „Последното искушение на Белгијците“ на Жак Бикоа (2021,1h16), со Алис Дитоа, Вим Вилер и Алекс Визорек ; по проекцијата следи коктел овозможен од Амбасадата на Белгија во Софија и Валони-Брисел инрернационал.

– понеделник, 27.03, францускиот документарен филм „Деца на татковината“ на Тјери Демезјер и Албан Терле (2022, 1h50), со Елса ле Петрек, Тјери Демезјер.

– вторник, 28.03, со луксембуршкиот анимиран филм „Неверојатната приказна на Фрици“ на Раиф Кукула и Матијас Брин се затвора неделата на франкофонски филм.

Сите проекции ќе бидат со почеток во 20 часот, со превод на македонски јазик.

Подетални информации за секој од филмовите се наоѓаат на следниот ЛИНК.

Настанот го организираат Амбасадата на Франција и Францускиот институт во Скопје, Амбасадата на Романија и Романскиот културен институт, Амбасадата на Швајцарија, Амбасадата на Белгија во Софија и Валони-Брисел Интернационал, Амбасадата на Луксембург и Кинотеката на Северна Македонија.