[Фото] Средношколци од ГУЦ го посетија Радио МОФ

Петнаесеттина ученици од скопското средно училиште „Здравко Цветковски“ (ГУЦ) ги посетија просториите на Радио МОФ и се запознаа со работата на нашиот медиум.

Средношколците ги прошетавме низ редакцијата, се запознаа како се „пече“ новинарскиот производ, која е улогата на новинарите во штитењето на јавниот интерес, а зборувавме за етичките и професионални стандарди.

Исто така, зошто е важно да се гради доверба меѓу медиумите и младите. Односно, една страна, младите да бидат активни и гласно да зборуваат за проблемите во нивните маала и заедници, со што паралелно новинарите ќе можат да пишуваат, објавуваат и истражуваат токму за темите кои ги засегаат младите – образование, екологија, култура, активизам…

Дополнително, средношколците влегоа во студиото на Радио МОФ и дел од нив се испробаа како водители на подкаст.