„Филмска култура – три децении независен македонски филм“ – проекции во Тетово, Скопје и Битола

Со почеток од 20 часот и 20 минути, во Кинотеката на Северна Македонија вечерва ќе се одржи проекција на документарните филмови „Камена градина“ и „Кобра“, додека за во среда се закажани и проекциi на филмовите „Види ја ти неа“ и „Соба со пијано“. Ова е само дел од програмата на манифестацијата „Филмска култура“ која ќе се одржи во Скопје.

Изминатите 2 дена во Битола и Тетово, како дел од манифестацијата, љубителите на домашната кинематографија проследија селекција филмови од македонска продукција и изведба на филмска музика.

Целосната програма на манифестацијата

Програмата во овие два града ќе трае уште денеска, па така, во Центарот за култура во Тетово вечерва ќе се одржи проекции на филмовите „Црвената соба“ и „Летачкиот циркус“, додека во Центарот за култура во Битола ќе бидат прикажани филмовите „Црвената соба“ и „Хомо“.