Одбележување на Денот на канадскиот филм во Кинотека на 4 мај

Амбасадата на Канада и Кинотеката на Северна Македонија по повод Денот на канадскиот филм организираат премиерна проекција на канадскиот филм „Трчај, жено, трчај“ од Зои Ли Хопкинс на 4 мај во 20 часот во Кинотека.

Од Кинотека велат дека по две години „онлајн“ презентации, деветтото издание на Денот на канадскиот филм организирано од ‘REEL CANADA’ ќе опфати физички проекции на 600 локации во Канада и во повеќе од 35 земји низ светот, вклучувајќи ја и земјава.

„Генералниот гувернер на Канада, нејзината екселенција Мари Симон, е почесен покровител на годинешното издание на Денот на канадскиот филм. Нејзиното официјално видео-обраќање ќе биде прикажувано пред секоја проекција оваа година. Фокусот за 2022: ‘Славење на домородните гласови’, презентиран во соработка со ‘имагинеНАТИВЕ Филм’ и ‘Медиа Артс Фестивал’, се фокусира на филмови од режисери од индијанско потекло/корени – од разни нации ширум Канада“, стои во најавата за настаот.

„Трчај, жено, трчај“ е магична анти-романтична комедија од 2021 година.