Премиера на кратометражниот филм „Пикавец“ на 19 ноември

Во Кинотека на Македонија на 19 ноември од 18 и 18:45 часот ќе се одржат две премиерни проекции на краткометражниот (20 минутен) аматерски дебитантен филм „Пикавец“. Филмот е по сценарио и режија на  Ѓорѓе Нешковиќ, а корежисер е Костадин Симовски.

„Соочени со темната страна на нивните одлуки, Бенан, Филип и Дарко се принудени да живеат во страв. Ситуацијата во која се наоѓаат се одразува и на Димитар и Елза кои и покрај обидите да ги оттргнат од реалноста и нивните психолошки последици, вмешувањето со погрешните луѓе за групата тинејџери проследува во параноја, крв и солзи“, се вели во најавата за филмот.

Во краткометражното дело глумат: Гоце Андонов, Бистра Јованова, Синиша Зориќ, Костадин Симовски, Ѓорѓе Нешковиќ.

Продуцент на „Пикавец“ е Аника Чорбеска, за камерата беа задолжени Леона Јариќ и Михаил Митевски, монтажата е на Емилија Лазаревска, додека музиката – Емир Јашаров.

Влезот за проекциите е бесплатен, но поради мерките за Ковид-19 има ограничен број на билети.

Повеќе инфо за резервации ТУКА.