Неделата на јапонски филм повторно во Кинотека

Кинотеката на Северна Македонија со богата програма ја најавува Неделата на јапонскиот филм од 10 до 15 јуни во летното кинот „Мирно лето“ каде ќе бидат прикажани 7 наслови од најновата продукција на јапонската кинематографија.

Во текот на неделата ќе бидат проектирани филмовите „Носари: непостојана вечност“, „Ние правиме антиквитети“, „Буден“, „По зајдисонце“, „Миење коски“, „Густо плетено“ и „Секој ден е добар ден“. Временскиот редослед и деталниот опис за филмовите може да се видат тука.

„Филмовите се наши патешествија низ времето и просторот. Со секое ново поглавје од уникатната приказна со која се соживуваме одново откриваме уште еден аспект, уште еден детаљ, уште еден слој од нешто за кое сме мислеле дека ни е веќе познато. Следната недела ќе нурнеме заедно во оригинални приказни преку кои се надевам дека ќе стекнете подлабоко разбирање за разноликоста на Јапонија“ , вели амбасадорот на Јапонија Н. Е. Савада.

Неделата на јапонски филм ќе биде присутна и во Битола во НУ ЦЕНТАР ЗА КУЛТУРА  на 16 јуни и 17 јуни.