Недела на јапонски филм од 4 до 9 јуни во Кинотека

Од 4 јуни до 9 јуни на сцената на летното кино во Кинотеката ќе се одржи филмскиот циклус „Недела на јапонски филм“.

Изборот за годинешното издание на „Неделата на јапонски филм“ е главно од жанрот на семејната драма: филмовите ни го осветлуваат актуелниот аспект на модерното живеење во Јапонија, низ кој се проткајува чудесната традиција на древната јапонска култура и цивилизација.

Од Кинотека информираат дека во случај на дожд, некои од проекциите – наместо во дворот и летното кино, ќе се одржат на затворено, во кино-салата. Билетарата ќе биде отворена секој ден од 19:00 часот; проекциите се бесплатни и започнуваат во 20:00 часот.

Оваа година повторно, два филма ќе се прикажуваат и во НУ Центар за култура – Битола. Во продолжение е распоредот и содржините на филмовите од филмскиот циклус во Скопје и Битола:

Кинотека на Северна Македонија

04.06.2021 Петок – „Покажи ми го патот до станицата“

05.06.2021 Сабота – „Ресторан од небото“

06.06.2021 Недела – „Само мачката знае“

07.06.2021 Понеделник – Стоп-анимации на Такеши Јаширо“

08.06.2021 Вторник – „Ручекот на тато“

09.06.2021 Среда – „Секој ден е добар ден“

Центар за култура – Битола

10.06.2021 Четврток – „Покажи ми го патот до станицата“

11.06.2021 Петок – „Ресторан од небото“

Проекциите ќе се одвиваат со почитување на препораките за заштита од Ковид-19.