Над 1.700 учеснички на женската трка низ Скопје со порака за поактивен спортски живот

Над 1.700 жени обедини шестото издание на „Авицена женската трка“ кое за прв пат се одржа како улична трка. Настанот го организираше Сојузот на спортови на Скопје, под покровителство на Град Скопје и со поддршка на Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија.

Милјана Ристиќ, Марго Бојаџиева и Рената Соколовска се трите најбрзи натпреварувачки според Gun Time.

Награди беа доделени и на најдобрите три натпреварувачки во 7 одделни категории според возрасните групи во кои што беа поделени учесничките. Нивните резултати може да се видат на: http://www.tagtiming.mk и http://zenskatrka.mk/.

Трката служи како инспирација за многу од нејзините учеснички да почнат активно да се занимаваат со вежбање, тренирање и за промовирање на здравите животни навики.

Поради тоа што трката се одржа на Денот на шегата, 1-ви април, голем број на учеснички беа инспирирани, патеката од 2 километри да ја минат носејќи маски.

Фото: Град Скопје