МЗ: 18 починати и 7 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека се регистрирани 18 смртни случаи од Ковид-19. Починале 7 лица од Скопје (41г, 54г, 58г, 79г, 81г, 84г и 86г), по 3 лица од Тетово (69г, 72г и 81г) и Гостивар (68г, 68г и 77г), 2 лица од Прилеп (80г и 90г) и по едно лице од Виница (76г), Македонска Каменица (77г) и Дебар (92г).

Од МЗ посочуваат дека од регистрираните смртни случаи, 9 лица починале во април.

Истовремено, од МЗ информираат дека во изминатото деноноќие биле направени 1.418 тестирања на Ковид-19, а дека биле регистрирани 7 нови случаи на Ковид-19, сите во Скопје.

Регистриран е 71 оздравен пациент, односно, од Скопје – 18, Куманово – 15, Битола – 8, Велес – 4, Штип, Кочани и Пробиштип – по 3, Кичево, Радовиш, Делчево и Виница – по 2 и по 1 од Прилеп, Струмица, Неготино, Свети Николе, Валандово, Крушево, Демир Хисар, Кратово и Македонска Каменица.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.067, бројката на оздравени пациенти е 146.940, на починати е 5.329, а бројот на активни случаи изнесува 2.798“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 778.092 тестирања на Ковид-19.