МЗ: 12 починати и 520 новозаразени со Ковид-19 во изминатото деноноќие

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека од Ковид-19 во изминатото деноноќие починале 12 лица, односно, четири пациенти од Скопје на 88, 50, 82 и 65 години, еден од Дебар на 72 години, двајца од Струга на 79 и 81 година, двајца од Охрид на 94 и 66 години, еден од Струмица на 79 години, еден од Крива Паланка на 59 години и еден од Кичево на 70 години.

Од МЗ информираа дека во последните 24 часа се потврдени 520 нови случаи, односно, регистриран е 231 случај во Скопје, 28 во Кавадарци, 25 во Гостивар, 23 во Тетово, по 22 во Куманово и Охрид, по 20 во Велес и Струмица, 12 во Крива Паланка, по 11 во Дебар и Кичево, по десет во Штип и Битола и по девет случаи се регистрирани во Прилеп и Струга.

Потоа, осум случаи на Ковид-19 се регистрирани во Гевгелија, по седум во Кочани и Делчево, шест во Радовиш, пет во Пробиштип, по четири во Пехчево и Берово, три во Неготино, по два во Крушево, Македонски Брод, Валандово, Виница, Кратово и Свети Николе и еден случај на Ковид-19 е регистриран во Ресен.

Институтот за јавно здравје регистрирал 372 оздравени пациенти, односно, од Скопје-150, Куманово-16, Штип-6, Прилеп-18, Тетово-12, Струга-20, Велес-15, Битола-17, Кавадарци-27, Гостивар-14, Гевгелија-9, Струмица-17, Радовиш-7, Кочани-13, Пробиштип-2, Македонски Брод-1, Берово-5, Виница-2, Свети Николе-1, Кичево-5, Ресен-3 и од Неготино-12.

„Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 87117, бројката на оздравени пациенти е 68364, на починати е 2647, а бројот на активни случаи изнесува 16106“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 421.153 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие направени се 3.023 тестови.