Малта постигна колективен имунитет на Ковид-19 со вакцинацијата, тврдат надлежните

Малта вакцинирше 70% од возрасната популација со најмалку една доза вакцина против Ковид-19, со што стана прва земја во Европската Унија која постигнала таканаречен имунитет на стадо, изјави министерот за здравство Крис Ферн, јавува „Ројтерс“.

Малиот медитерански остров минатата недела имал просечно по три нови случаи на Ковид-19 секој ден, со стапка на позитивни од тестирани од 0.2 отсто.

„Вакцините се администрираат со стапка од една вакцина на секои пет секунди. 42% од возрасната популација добила две дози“, изјави Ферн на прес-конференција.

Во моментов вакцинацијата е отворена за сите граѓани на Малта над 16 години, а Ферн посочи дека сите кои се на возраст од 12 години и повеќе ќе добијат термини за вакацинација, откако европските медицински власти ќе дадат зелено светло за такво нешто.