Европскиот суд ја отфрли жалбата на француските пожарникари против задолжителната вакцинација за Ковид-19

Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) ја отфрли жалбата на француските пожарникари против задолжителната вакцинација за Ковид-19, пренесува „Евроњуз“.

Повеќе од 670 професионални и доброволни пожарникари се пожалија за задолжителните вакцини и рекоа дека мерките ги прекршуваат нивните права на приватност.

Но, Европскиот суд за човекови права ја отфрли нивната апликација и рече дека жалбата е надвор од нивниот опсег.

Истовремено пак пресудата не ги отфрли идните потенцијални случаи по ова прашање доколку задолжителните вакцини предизвикаат „реален ризик од непоправлива штета“ на пожарникарите.

Синдикатот „СУДС-СДИС“ кој ја поднесе жалбата, ја опиша одлуката како „екстремно разочарувачка“.

Националниот секретар на синдикатот Реми Шабух изјави дека тие ќе продолжат да се борат.

Шабух исто така изрази страв дека „голем дел“ од неговите колеги ќе се радикализираат поради задолжителното барање за вакцинација.

Франција ги направи задолжителни вакцините против Ковид-19 за здравствените работници, кои од ноември би можеле да се соочат со суспензија на договорот без плата доколку одбијат вакцинација.