Лувр ќе ѝ врати украдени артефакти на Италија

Седум артефакти кои биле донесени во Лувар пред повеќе од 30 години, ќе бидат вратени во Италија на есен, јавува „Euronews“.

Артефактите ќе бидат вратени во земјата на нивното потекло, откако директорот на Лувр и италијанските власти постигнаа договор артефактите да бидат вратени откако истрага покажа дека тие не се добиени по легален пат.

Во периодот помеѓу 1982 и 1998 година, Лувр откупувал артефакти од приватни колекционери, за кои се верува дека ги снабдувале нелегално.

Од артефактите, се издвојува ваза која датира од петтиот век п.р.н.е.

Во изјава за францускиот весник „Le Monde“, директорот на Лувр, Лоренс де Кар вели дека мора да се преиспита потеклото на делата поставени во Лувр, бидејќи тие со сомнително потекло го валкаат името на музејот.

Во последните неколку години се зголемуваат повиците до музеите во Европа и САД да ги вратат артефактите и човечки остатоци кои најчесто биле добиени преку нелегален пат.