Кои македонски села се испразнија меѓу двата пописа? [Инфографик]

Над 420 населени места во Северна Македонија имаат изгубено повеќе од половина од своето население последниве дваесет години покажуваат новите податоци од Пописот 2021 кои ги објави Државниот завод за статистика.

Статистичарите на ланското пребројување регистрирале вкупно 1.781 населени места, од кои 205 немаат ниту еден жител. 684 населени места имаат помалку од 100 жители, додека 218 населени места имаат под 10 жители.

Радио МОФ направи споредба во движењето на населението помеѓу пописите од 2002 и 2022 година. Анализиравме кои села имаат најголем процентуален пад и раст во населението, но и промена на населението во вкупна бројка. Треба да напоменеме дека од споредбите ги исклучивме големите градови и општински центри, чии промени во населението ги обработувавме во претходни текстови.

На инфографикот во продолжение може да погледнете кои се македонските населени места кои се рекордери во овие категории.

Даниел Евросимоски