Индија ќе одржи национално онлајн тестирање по „кравја наука“

Материјалот за тестот вклучува информации за различните видови на крави како и теоријата дека колењето на овие животни предизвикува земјотреси.

Во февруари, Индија ќе одржи масовен државен онлајн тест за „кравја наука“, во обид властите да го промовираат и заштитат животното кое се смета за свето од голем дел од Хинду верниците.

Едночасовниот тест ќе се одржи на 25 февруари и ќе биде отворен и за деца и за возрасни, но и за странци. Тој ќе содржи 100 прашања со повеќе одговори на хинди, англиски и 12 регионални јазици.

Целта на тестирањето е да се зголеми генералното знаење кај луѓето, да ги направи поемпатични и да ги едуцира, истакнал Раштрија Камденѕ Ајог од Националната комисија за крави, тело создадено од страна на администрацијата на актуелниот министер Моди.

„На сите ќе им бидат доделени сертификати, а на најуспешните кандидати ќе им бидат дадени награди и сертификати“, јавило Министерството за рибарство, сточарство и млекарство.

„Кравата е полна со наука и економичност. Луѓето не се свесни за вистинските економски и научни вредности на ова животно“, изјавил шефот на Националната комисија, Валабхаи Картириа.

Многумина од најраширеното хинду малцинство, сметаат дека кравите се свети, но под власта на Моди, статусот на животното стана и политички фактор.

Владата на Моди за свој прв приоритет ги зеде кравите и инвестираше милиони долари за програми кои ќе го заштитат животното, но и истражувања за поволностите при користењето на неговиот измет.

Колењето на кравите и јадењето на месото стана нелегално во многу делови од земјата, додека казните се зголемија во преостанатите региони.

Во неколку прилики, здружени насилни хинду групи напаѓале муслимани или сиромашни хинду-индијци од ниските слоеви поради јадење на месо и отстранување на изметот од животните.

Извор: AlJazeera