Град Скопје објави јавен повик за изработка на Стратегија за млади за периодот од 2021 до 2025 година

Град Скопје објави јавен повик за изработка на Стратегија за млади на Град Скопје со акциски план за период 2021-2025. Како што се вели во конкурсот, на јавниот повик имаат право да учествуваат здруженија на граѓани, научни фондации, правни лица и фондации.

Целите на стратегијата треба да бидат со фокус на поттикнување на  младите активно да учествуваат во општеството низ афирмација и поддршка на младинските активности, младинската работа и неформално образование на подрачјето на градот Скопје.

Стратегијата може да опфаќа и поттикнување на сојузи, здруженија и други облици на здружување да учествуваат во креирање и спроведување на младинската политика во Скопје, вклучително во зајакнување на капацитетот на здруженијата за млади на подрачјето на град Скопје.  На јавниот повик може да се пријават оние кои сакаат да обезбедат услови за активно и квалитетно искористување на слободното време на младите.

Истовремено стратегијата може да е и поттикнување на младите за учество во спортско-рекреативни активности со акцент на негување здрави животни навики, учествување на младите во волонтерски активности, односно организирање на семинари и едукации, активности од областа на културата и уметноста.

Повикот поддржува и поддршка на активности и проекти за заштита на животната средина и просторното уредување во Скопје, како и во креирање идеи од областа на информатичката технологија.

Крајниот рок за поднесување на пријавите е до 09 ноември, 2020 година. Повеќе информации за аплицирање на јавниот повик може да прочитате тука.