[Галерија] „Како сатиричар, едвај држам чекор“: Приказните зад насловните со Трамп

Уметниците кои наоѓаат инспирација и длабок бунар на сатира, во хаотичната администрација на Доналд Трамп, го откриваат размислувањето зад некои од позначајните насловни страници во последните седум месеци.

Џо Беркли за Економист

Оваа насловна се појави после прес конференцијата на Трамп во која одбегна да ја осуди радикалната десница. Го започнав процесот со пенкало, нацртав колку што можев повеќе предмети кои ги поврзувам со темата – свастики, бели униформи на ККК, плакати, статуи, забалени факели. Се обидов да најдам поврзаност, да ги спојам на начин кој визуелно заробува, но и ја зголемува темата на сликата.

Андре Кариљо за Њу Репаблик

„Њу Репаблик побараа од мене да го нацртам Трамп во лудачка кошула. Мојот придонес беше начинот на кој е графички претставено, со Трамп на своите колена и дишејќи тешко, иритиран. Кога сатирата се пишува себеси, не е тешко да се разбере зашто станува значаен алат за да се бориш со злоупотребата“.

Едел Родригез за Дер Шпигел

„Дер Шпигел понекогаш ми дава тема на која сакаат да коментирам. Во моите цртежи за Трамп, генерално одам кон едноставна, графичка и директна претстаа. Не сакам гледачот да биде деконцентриран од дополнителни предмети. Не сакам ниту изрази на лицето, мислам дека се непотребни. Сакам гледачот да се соочи со тоа што е пред него на итен начин“.

Џон Беркли за Економист

„Има ли простор за сатира? Пред три недели не поткопуваше Русија. Пред две недели бевме на работ на нуклеарна војна. Минатата недела се боревме со нацисти на улиците. Ако Трамп не го цицаше сет кислород од собата, лудилото од Брегзит што уште трае ќе беше на насловните страници. Да не споменуваме дека Ердоган ја уапси половина Турција, а Дутерте ќе го решава проблемот со дрогата на Филипините со убивање на сите. Како сатиричар, едвај држам чекор. Но, колку поголем крш станува администрацијата на Трамп, толку е позабавно“.

Едел Родригез за Тајм Магазин

„Тајм ме контактираше да направам насловна на тема „Омраза во Америка“, поради вестите од Шарлотсвил. Пратив неколку различни идеи и нацрти на уметничкиот директор и им изгледаше како да сум ја постигнал поентата. Трамп се обидува да го редефинира значењето на зборовите, да ја навреди добрата работа која ја вршат новинарит, дури и да ги стави под знак прашалник на некои гранки на владата. Бранењето на нацистите и белите супремацисти не е тема на која треба да се смееме, па зборот „сатира“ баш и не одговара за она што го правам. Се обидувам да додадам остар фокус на некој кој, според мене, е многу опасен“.

Хауард МекВилијам за Вик

Мојот стил на тридимензионален реализам е особено корисен за слики како оваа, која ни дава поглед на некој друг, во овој случај, од новинарот. Многу е лесно да се замисли Трамп како полудува и уништува дактилографска машина.

Мајлс Донован за Економист

Уметничкиот директор Стивен Печ имаше концепт сличен на познатото дело на Бенкси, на бунтовник кој фрла цвеќе. Илустрацијата е одличен начин да се искомуницира некој концепт, нешто што фотографијата не може секогаш да го направи. Со Трамп, има многу што треба да се сатиризира секој ден, ова е златна ера. Мојата грижа е дека Трамп станува прелесна рута со уредниците“.

Анита Кунц за Вараети

„Со децении, правам политички ориентирана илустрација, но овој претседателски мандат е нешто што досега не сум видела“.