[Фото] НаТочак: Кејот на Вардар е најбезобразно претворен во паркинг-простор

Ова е кејот на реката Вардар денес. Но, оваа слика не е само денес, соопштува велосипедската иницијатива НаТочак.

„Кејот на реката Вардар е најбрутално и најбезобразно претворен во паркинг-простор од страна на несовесни граѓани. А, неказнувањето и непреземањето ништо околу оваа бесрамна узурпација не е ништо друго освен премолчено одобрување од страна на градските власти и полицијата“, велат од НаТочак.

Инаку, фотографиите кои ги презентираше иницијативата се од делoт на кејот под мостот „Гоце Делчев“, каде поминува пешачко-велосипедска патека. Во непосредна близина на мостот неодамна беше подигната катната гаража „Солунски конгрес“. Таа чинеше 5,5 милиони евра, со вкупен капацитет за 280 возила, со девет надземни, едно подземно и едно полуниво за паркирање.